Над 700 жртви при уривањето на зградата во Бангладеш

 

На над 700 лицa се искачи бројот на жртвите при уривањето на зградата во главниот град на Бангладеш, Дака која се случи пред две недели.

Неколку стотици работници во фабриките што беа смесетни во зградата, денеска ја блокираа главната улица кон објектот, со барање да им бидат исплатени платите за минатиот месец, како и средства за помош и обесштетување. Протестот мина без инциденти, но собраќајот во тој дел на Дака беше во прекин неколку часа.

Регионалниот управник Јусуф Харун им вети на работниците дека ќе се заангажира кај сопствениците на фабриките да им бидат исплатени заостанатите плати. 

Локалните медиуми јавија дека од под остатоците на зградата, која се урна на 24 април, се шири непријатна миризба на телата кои брзо се распаѓаат на високите температури, што во извесна мерка им помага на спасувачките екипи во откривањето на загинатите.

Се очекува конечниот биланс на загинати да биде уште поголем, имајќи предвид дека во зградата биле сместени пет текстилни фабрики, во кои работеле околу 3.000 лица. Се претпоставува дека под урнатините на зградата се наоѓаа телата на уште речиси 1.000 загинати.

Во врска со уривањето на објектот полицајата во петокот го уапси инженерот Абдур Разак Кан, консултат во градежната компанија „Рана Плаза“, која бесправно доградила уште три ката на зградата.

Неколку дена пред инцидентот градежната инспекција констатирала дека зградата не е безбедна и издала налог за нејзино иселување, но ваквите предупредувања биле занемераени од сопствениците на фабриките.

најчитано сега