Јовески: На јавниот обвинител не му е местото во вакви расправи

Местото на јавниот обвинител нe e да учествува во политичките разговори за носењето на Законот за ЈО.

Ова го изјави државниот обвинител Љубомир Јовески за Телма.

- До колку се отвори стручна расправа по предлог Законот за јавното обвинителство, ако бидам повикан ќе учествувам во расправата и ќе го искажам своето стручно мисљење изградено во текот на моето работење во судството и обвинителството. Во делот за политички разговори во постапката за донесување на Законот, на јавниот обвинител на Република Северна Македонија не му е местото да учествува во вакви расправи, рече Јовески.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега