Димовски: Вработувања за најдобрите студенти на УКИМ во Агенцијата за национална безбедност

Дел од најдобрите студенти од општетствените и техничките факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе можат да најдат вработување во Агенцијата за национална безбедност. Тоа меѓу другото го овозможува  Меморандум за соработка меѓу двете институции што го потпшаа денеска првите луѓе на АНБ и УКИМ, директорот Виктор Димовски и ректорот Никола Јанкуловски.

Димовски истакна дека со овој чин се влегува во финалната фаза на реформите на безбедносниот сектор и на АНБ.

-Потпшишувањето на денешниот документ ќе ни овозможи да ја унапредиме соработката во повеќе области, но за нас од особена важност ќе биде можноста во соработка со Универзитетот да понудиме можност за најдобрите студенти на македонските универзитети, во случајов на УКИМ, да понудиме вработување во АНБ. Нашите можности не се преголеми, меѓутоа преку овој чин сакаме и да упатиме порака до македонските најдобри студенти дека можат и треба својата иднина да ја гледаат во нашата земја, а да не ги праќаме подготвениу и едуцирани во странските земји, рече Димовски.

Тој најави дека по потпишувањето на документот треба да ги добијат листите на најдобрите студенти во изминатите неколку години и во заемна соработка ќе одлучат кои се се кадрите кои се најсоодветни за Агенцијата.

Со овој Меморандум, Агенцијата и Универзитетот ќе соработуваат и взаемно ќе даваат помош и поддршка во повеќе области, а меѓу поважните ректорот Јанкулоски ги издвои одвивањето на практична обука на студентите на Универзитетот, научноистражувачка и апликативна дејност, взаемна соработка при изработување на значајни стратегиски документи од областа на безбедноста, користење на стручна литература од библиотечниот фонд на Универзитетот за потребите на Агенцијата, давање експертска помош од страна на Универзитетот при изготвување на одредени законски и подзаконски акти од надлежност на Агенцијата,…

Соработка која е воспоставена на иницијатива на АНБ, а стартува од денеска, е предвидена и во областа на стипендирањето и доделувањето на школарини, како и давање препораки за профилирање на професионален кадар од редовите на студентите на Универзитетот за потребите на Агенцијата.

Вакви меморандуми за соработка АНБ најави дека ќе потпише и со останатите државни универзитети во земјата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега