Мизрахи-Сандри: МТСП и УНХЦР и понатаму ќе градат релации на соработка и поддршка

 Министерството за труд и социјална политика и Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата земја и понатаму ќе градат релации на соработка во областите во кои имаат допирни точки. Ова го констатираа на денешната средба министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Моника Сандри.

На средбата, како што соопштија од МТСП, позитивно била оценета досегашната соработка на УНХЦР и МТСП и во таа насока се разговарало за тековните програми на Канцеларијата на УНХЦР во земјата и во светот, како и потребата за продлабочување на солидарноста на државите во решавањето на прашањата поврзани со бегалците и лицата без државјанство.

Мизрахи и Сандри заклучиле дека постои потреба да продолжи соработката за зајакнување на соодветните системи. На овој начин тие би биле во согласност со меѓународните стандарди и визијата на Агендата за одржлив развој 2030, која го носи мотото „никој да не биде изоставен“.

Исто така, биле разменети мислења и за состојбата со бегалците и мигрантите во Регионот и пошироко. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега