Видео: Викендов нови разговори за Законот за обвинителство

До крајот на неделата, а најверојатно во сабота ќе се состанат работните групи на власта и опозицијата за новата верзија на законот за обвинителство откако вчера претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ  го одблокираа дијалогот што беше закочен речиси пет месеци, јавува Сител.

Стручниот тим на опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре, а најдоцна до петок ќе треба да ги достави своите забелешки на законот што го изготви министерството за правда, по што треба да почнат и самите преговори.

И понатаму клучните разлики меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ остануваат исти: старо ново обвинителството за организиран криминал и висока корупција што практично е фузирање на сегашното обвинителство на Вилма Рускоска со она на Катица Јанева.  ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа вдомување на обвинителите на СЈО по автоматизам во државното обвинителство.

Од друга страна, од власта тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ сака да спречи зголемување на бројот на обвинителите во ова обвинителство што би значело и кочење на правдата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега