Приклучен на апарати за дишење - Маж се бори за живот по компликации од грип

67 годишен жител од крушевско село се бори за живот на Клиниката за инфективни болести поради компликации од грипот, приклучен на апарати за дишење.  На Инфективна болнички третираат уше десетина пациенти со пневмонии како последица на вирусот. Епидемиолозите предупредуваат дека заразата зема замав.

- Минатата недела веќе имаме над изјада заболени што е двојно повеќе од претходно а од 40 примероци испратени во лабораторија, кај половината е потврден грип, вели др. Владимир Микиќ епидемиолог во ИЈЗ за Сител.

И додека болниците се полни со грипосани, закана за светот е и смртоносниот корона вирус од кој во Кина досега има 9 починати и над 500 заболени.  Превентивно Комисијата за заразни болести денеска заклучиле дека засега нема да ја стават во функција термалната камера туку само ќе има информативни материјали на скопскиот аеродром за патниците.

- Оние кои би оделе во Кина како да се заштитат, да не одат на пазари каде има жива стока, да не бидат во контакт со заболени а оние кои се враѓаат и доколку имаат симптоми да знаат каде да побараат помош, вели др. Микиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега