Филипче за заканите од корона вирус: Имавме разговори, чекаме СЗО да даде препораки

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се прави за да се спречи заразата од корона вирусот, кој првично беше откриен во Кина. Од вирусот за кратко време има над петстотини заразени од кои шест лица починаа.

„Имавме вчера неофицијални разговори, бидејќи имаше некаква активност во Светската здравствена организација и се разгледуваат евентуални препораки и за далечните земји, каде сега се случува појава на заразени луѓе од овој вирус. Ќе видиме какви ќе бидат препораките, контактираме со лица од СЗО. Ќе видиме дали ќе има потреба од некаков скрининг на аеродромите, ќе дознаеме во текот на денов“, рече Филипче.

Светската здравствена организација соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на Кина, како и во други земји.

„Во наредните денови, може да се очекуваат повеќе случаи во другите делови на Кина, како и во други земји“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Засега во Кина најмногу случаи се забележани во градот Вухан, а се верува дека се проширил од пазарите со морска храна, иако изолирани случаи се регистрирани и во Шангај и во Пекинг.

Европа располага со средства како да се спротивстави на ширењето на новиот корона вирус, кој првично е откриен во Кина, изјави професорот Херман Госенс, претставник на европската организација „Припеар“, која работи на спречување на новопојавени епидемии со поддршка на Европската комисија. Според него, никогаш досега немало толку брз и кохерентен одговор на појавата на нова епидемиска закана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега