ВИДЕО: Оваа реклама можат да ја видат само децата

 

Шпанската организација „Aid to Children and Adolescents at Risk“ креираше рекламен постер за да им помогне на злоставуваните деца.

Возрасно лице кое го гледа постерот гледа само слика на тажно момче и напис: „Понекогаш злоставувањето е видливо само за оној кој страда“. Меѓутоа, кога дете го гледа постерот, тоа гледа дете кое има модринки на лицето и текстот „Ако некој те повреди, повикај не и ние ќе ти помогнеме“ и број на телефонот на кој можат да се јават.

Постерот е дизајниран така што момчето со модринки на лицето не можат да го видат лица повисоки од 135 сантиметри.

најчитано сега