Младиот Костадиноски го фати крстот на железниот мост во Хром

Денеска се одбележа верскиот празник Богојавление – Водици, на железниот мост во населбата Хром, на границата меѓу Општина Карпош и Ѓорче Петров.

На манифестацијата присуствуваа голем број на граѓани од двете општини, а крстот го фати 22 годишниот Бојан Костадиноски. 

На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој заедно со советниците им го честитаа на граѓаните денешниот празник, им посакаа добро здравје, среќа и благостојба.

Општина Карпош традиционално го поддржува одбележувањето на Водици со посебна единица – тим за спасување во водите на Вардар, со цел поголема безбедност на учесниците при фаќањето на крстот, а се одвојуваат и средства од Буџетот на Општината, за логистичка поддршка на целиот настан. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега