Кливленд: По десет години, пронајдени три киднапирани жени

 

Како што јавија американските медиуми, во врска со киднапирањето на трите жени полицијата уапсила една 52-годишен маж кој работел како возач на автобус.

Жените биле пронајдени кога еден човек, кој живеел во соседството, слушнал врискотници и упаднал во куќата каде ја пронашол Аманда Бери, кој исчеснала во времето кога била тинјеџерка. Тој и го дал неговиот мобилен телефон и таа се јавила во полицијата.

- Помогнете ми. Јас сум Аманда Бери. Бев киднапирана пред 10 години и сега сум тука. Слободна сум, им објаснила возбудената жена на операторити на службата за итни повици 911.

Таа рекла дека нејзиниот киднапер илзегол од куќата и ја молела полицијата да дојде што побрзо, пред тој да се врати.

Чарлс Ремзи, соседот кој ја пронашол Аманда, во изјава за телевизијата Си-Ен-Ен рече дека кога влегол во куќата ја затекнал жената како се обидува да ја отвори вратата. - Таа излезе од куќата со мало девојче, додаде Ремзи.

Во врска со киднапирањето е уапсен 52-годишниот возач на училишен автобус Ариел Кастро. Според полицијата, најмалку една од трите жени има негово дете.

Чичкото на Кастро за една локална телевизија изјави дека неговиот внук е сопственик на куќата во која се пронајдени жените.

- Имаме многу прашања кои се без одговор. Среќен сум што трите млади жени беа пронајдени живи, изјави градоначалниот на Кливленд, Френк Џексон, додавајќи дека истрагата за целиот случај е во тек.

Аманада Бери исчезнала на 21 април 2003 година. Втората жена, Џина ДеЏизис била киднапирана една година подоцна, а третата, Мишел Најт уште во 2000 година. Во времето на киднапирањето Бери имала 17 години, ДеЏизис 14, а Најт 20.

Трите жени веднаш се пренесени во болбица, каде лакарите констаирале дека се во добра здравствена состојба. 

најчитано сега