Омбудсманот утврдил дека Оливер Спасовски го кршел законот со писмени наредби

Канцеларијата на Народниот правобранител констатирала дека Оливер Спасовски врши злоупотреба на издавањето наредби со кои се распоредуваат полицајците на работни места надвор од нивното место на живеење, објави Експрес.мк.

Омдусманот смета дека наредбите согласно законот можат да траат најмногу до 2 месеци а не по повеќе од 20 месеци во континуитет како што се случува по јуни 2017. По преземањето на Спасовски на челната позиција дел од припадниците на МВР за кои во СДСМ сметале дека се блиски на ВМРО-ДПМНЕ со наредба се распоредуваат во други градови.

Па така на пример се случува од Велес полицаец секој ден да оди до Македонски Брод а од Македонски брод полицајци да бидат испраќани во Струга или Охрид. Спасовски односно МВР добиле 8 дена да одговори на извештајот на Омбдусманот. Новиот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев согласно препораката од народниот правобранител ги укина сите спорни наредби на Спасовски.

Ова се документите: 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2020 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега