Дел од Скопје утре без електрична енергија

Дел од корисниците од улиците „Рилски Конгрес“, „Банско“ и „Кратовска“ во општина Кисела Вода утре од 9 до 17 часот ќе останат без напојување со електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Во периодот од 12 до 15:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ број 65 во општина Карпош.

Утре електрична струја ќе немаат и неколку скопски села.

Од 8:30 до 14 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Стајковци, општина Гази Баба, од 9 до 15:30 корисниците од Агино Село, а од 9 до 15 часот корисниците од горниот дел на селото Копаница и од улицата 100 во Кондово, општина Сарај.

16.10.2013 - 14:48
Фото: 
Утрински

најчитано сега