Јаулески: Си оди човекот кој ги избрка младите

Денес си оди и никогаш да не се повтори. Нас не чека борба за да си ги задржиме младите во Македонија, напиша на фејсбук претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески, откако утринава премиерот Зоран Заев изјави дека ја потпишал оставката.

– Денес и сонцето силно свети, и тоа како да се радува на заминувањето на човекот кој, верувајте, да можеше, би го продал и него. Денес си оди човекот кој во страниците на поновата македонска историја ќе биде запишан како деспот, човек кој го предаде својот народ, држава, ја опустоши и осиромаши. Ни остави долг не само на нас младите – туку и на нашите неродени деца. Денес си оди човекот кој ги избрка младите од сопствената татковина, ги излажа и ги искористи да ги оствари своите предавства, напиша Јаулески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2020 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега