Наставниците се обучуваат како да предаваат претприемништво
Наставници од средните училишта кои предаваат предмети поврзани со претприемништвото денеска започнаа со обука на тема „Како се предава претприемништво?“ чија цел е да се промовира претприемничкиот дух, да се развие креативноста и иницијативноста кај младата популација.
Своите искуства за време на неколкудневната обуката ќе им ги пренесе експертот Енди Пеналуна од Свонси Универзитетот од Велс, воедно и претседател на мрежата за претприемачко образование на Обединетото Кралство.
- Во наредниве неколклу денови директно ќе се реализира фокус обука, а во текот на целата година континуирано ќе се следи целиот процес на имплементација на иновациите кои ќе бидат дел од процесот за развој на претприемништвото генерално, порача министерот за образование и наука Спиро Ристовски во своето обраќање пред почетокот на обуката.
Според него, Владата во Македонија полага внимание на развојот на претприемачкиот дух: - Владите можат да носат било какви стратегии, меѓутоа стратегија за генијални идеии и за постигнувања и развој на претприемачкиот дух кај децата, односно она што внатре треба да се создаде кај нив како развој на идеи не може никој да донесе. Таа може да се криера преку една системска сеопфатност на креирањето на претприемачкиот дух воопшто, рече Риствоски и додаде дека основна цел е да се формира општество кое ќе биде подготвено да ги прифати генијалните идеи, иновациите и претприемништвото како процес на развојот на креативниот дух кај децата.
Екпсертот Пеналуна нагласи дека тренингот е огромен предизвик за него, бидејќи значи менување на начинот на мислење, а не само добивање на знаење.
- Знаењето е многу битно за предизвиците со кои се соочуваме во време на индустријализацијата. Но, сепак денеска вештините се менуваат и бараат нови начини знаењето да им помогне на заедницата и општеството, рече Пеналуна.