Прочитајте го целиот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во зградата „Берлемонт” во Брисел ќе го презентира извештајот за напредокот на Македонија, јави МИА.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Филе на прес-конференцијата закажана за 14 часот и 30 минути ќе соопшти дека неформалната Влада на Унијата по петти пат едно по друго нотира дека Република Македонија ги исполнува сите критериуми и услови да ги започне преговорите за членство. Она што е познато е дека Комисијата на двапати во извештајот за Македонија ќе ја употреби придавката „македонски“, а поставен е и нов услов, „медиумска култура“.

Извештајот е веќе објавен на веб страната на Европската Комисија

Целиот Извештај на ЕК прочитајте го тука

16.10.2013 - 12:33