Џорџ Буш е „среќен што е жив“

Поранешниот претседател на Америка,  Џорџ Буш во август годинава, имал „сериозни проблеми“ со срцето, поради што во една болница во Тексас бил подложен на итна интервенција, со вградување стент во неговата главна срцева артерија.

Информацијата за болеста на Буш ја открива списанието „Нешанел Џорнал Рипорт“ повикувајќи се на, како што вели, медицински извори. Според тие извори, поранешниот претседател е „среќен што е воопшто жив“, опишувајќи ја неговата состојба како мошне сериозна.

Срцевите проблеми биле сосема случајно откриени при редовниот рутински преглед, со стрес тест и електрокардиограм. Лекарите тогаш откриле дека Буш има блок на една од коронарните артерии од дури 95 отсто.

Еден од докторите објаснил дека толку висок процент на блок на артеријата, обично е смртоносен, по што поранешниот претседател бил задржан на лекување.

 

 

16.10.2013 - 12:00

најчитано сега