„То Вима“: ЕК ја оправдува акцијата на Македонија против Грција во судот во Хаг

Најновиот извештај на Европската комисија ја оправдува акцијата на Македонија против Грција во Меѓународниот суд за правда во Хаг, јави МИА.

„То Вима“ денеска пишува за извештајот за Македонија на Европската комисија нагласувајќи дека, според документот, „големите билатерални прашања не треба да се внесуваат во Европската унија“.Весникот го пренесува делот од извештајот во кој „Комисијата ги повикува страните да ги вложат сите напори со цел решавање на разликите, врз основа на воспоставените принципи и инструменти, вклучувајќи ги и препораките од Меѓународниот суд за правда“.

- Иако не е очигледно, овој извештај изгледа во суштина ја оправдува акцијата на Скопје против Грција, коментира „То Вима“ и додава дека Комисијата ги повторува повиците за брзо решавање на прашањето за името.

Инаку, пред две години судот во Хаг пресуди дека Грција ја прекршила Привремената спогодба од 1995 година со тоа што ставила вето на членството на Македонија во НАТО.

16.10.2013 - 11:16
Фото: 
А1.он

најчитано сега