Златна Зора под истрага на финансиски криминал

Парламентот во Атина денеска ќе го разгледа одземањето на имунитетот на шестмина пратеници од Златна Зора.  Комисијата бара одземање на имунитетот на тројца од пратениците, кои се соочуваат со обвиненија за членство и раководење со криминална организација.

Како што пишува весникот „Етнос“ грчката полиција открила цел магацин оружје во вилата на бизнисменот Анастасиос Палас во елитната атинска населба Вула Палис. Претресот на вилата бил на барање на обвинителството, а  постои сомнеж дека оружјето е поврзано со Златна зора.

Станува збор за 20 парчиња огнено отужје, 60 ножа, десет оптички двогледи и електрошок уреди.

Покрај тоа ќе се проверуваат и канцелариите на пратеници и службеници со цел да бидат откриени податоци за спонзорите на Златна зора.

 

16.10.2013 - 11:18