Милчо Манчевски ќе режира спот на групата „Арестед девелопмент“

 

Публиката во Бразил ќе се запознае со краткометражниот филм „Четврток“ на Милчо Манчевски кој е поканет како специјален гостин на филмскиот фестивал во Сао Паоло.

„Четврток“ беше снимен во Њујорк по покана од Филмскиот фестивал во Венеција. Во чест на 70-тото издание на фестивалот покани им беа упатени на повеќе значајни режисери да се претстават со краткометражни филмови на тема „Иднина на кинематографијата“. Покрај Манчевски, меѓу нив беа и Бернардо Бертолучи, Пол Шрадер, Абас Киеростами, Ким Ки-Дук, Џејмс Франко,... Директорот на фестивалот во Венеција, Алберто Барбера, го нарече „Четврток“ микро ремек-дело.

Инаку, Манчевски во Њујорк доби покана за нов проект. Фронтменот на групата „Арестед девелопмент“, Спич (Тод Томас) побара од Манчевски да го работи спотот за песната „Его“ од нивниот следен албум кој се појавува пред Нова Година.Манчевски го режираше првиот и најуспешен спот на групата, за песната „Тенеси“ кој доби награда на МТВ за најдобар спот.

16.10.2013 - 11:09
Фото: 
Факултети.мк

најчитано сега