Макрадули: Мерките на Владата и времето помогнаа за да се намали загадувањето

Факт е дека оваа влада за првпат зборува за темата на загадување и факт е дека годинава имаме значително намалување на бројот на денови со надминување на среднодневните вредности на аерозагадувањето со ПМ10 честичките, истакна на Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина и просторно планирање на прес-конференција во Владата.

Макрадули го наведе примерот со Општина Центар во Скопје каде во 2019 година имало 31 ден во кој среднодневните концентрации наа ПМ10 честичките биле над грааничните вредности, во однос на минатата 2018 кога имало 54 денови, како и Центар, каде во 2015 година биле регистрирани максимални 326,5 микрограми на м3, во 2016 288 мг/м3, во 2017 максимални 352,9, во 2018 – 248 мг, додека пак годинава бил забележан драстичен пад од 124, 2 мг/м3.

На овие резултати влијаеле 24-часовните инспекции на терен, според Макрадули, па за првпат се фаќале сторители кои палат кабли или стрништа.

- Успехот на мерките на Владата не се гледаат само во намалување на аерозагадувањето туку и во заштедите во буџетот, истакна Макрадули,

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа