МЗ: Буџетот за ретките болести е дуплиран- водиме вистинска грижа за пациентите
Од Министерството за здравство велат дека се води вистинска грижа за пациентите со ретки болести.
Од таму наведубваат дека покрај воведувањето на новите лекови и овозможувањето на потребната терапија за пациентите, воспоставувањето на електронски регистар за оваа група на пациенти, исто така во континуитет се зголемува и буџетот за ретките болести.
„Во 2020 година, предлог-буџетот за ретките болести е дуплиран и предвидено е да изнесува 527 милиони денари. Додека пак, во 2017 година, тој изнесувал 213 милиони денари.
Изготвена е Национална стратегија за ретки болести на Република Северна Македонија 2020-2030. Десет годишната стратегија ќе биде дадена на усвојување од страна на Владата, со што овој стратешки документ станува документ за планирање и имплементација на системски решенија за пациентите со ретки болести“ соопштуваат одМинистерство за здравство
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа