Пет судења на СЈО може да се вратат на почетокот поради возраста на поротничка

Пет судења на специјалното јавно обвинителство кои се водат пред Кривичниот суд ќе мора да почнат од почеток бидејќи мандатот на поротничката Лилјана Ивановска-Кочковска, која Судскиот совет на оваа фунцкија ја избра на 24 декември 2015 година ѝ истекува во вторник. Таа пак, поради навршување 60 години, не може повторно да биде избрана за судија-поротник, а тоа значи дека штом Судскиот совет ќе ѝ констатира престанок на функцијата, извесно е оти овие предмети ќе почнат одново, пишува „А1.он“

Поради возраста на поротничка, пет судења на СЈО може да почнат од почеток

Станува збор за предметите: „Тендери“, „Топлик“, „ТНТ“, „Талир“ и „Монструм“.

Резервни поротници во овие предмети нема. Има само во предметот „Титаник“, велат од Кривичнот суд за „А1он“. За неколку месеци ѝ истекува мандатот и на уште една поротничка во советот.

Првпат за возраста на поротничката Кочковска спомна пратеникот Илија Диимовски во предметот „Талир“. Тој пред судот рече дека според Законот за судови, на две поротнички им истекол мандатот поради наполнети 60 години и заради економичност на постапката побара одлагање на судењето за да се надмине ситуацијата.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега