Вучиќ: Единици за вонредни ситуации на Србија, Албанија и Македонија ќе работат заедно

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по регионалниот состанок во Тирана, изјави дека единиците за вонредни ситуации на Србија, Албанија и  Македонија тесно ќе соработуваат и дека, доколку се случи некоја трагедија – пожар, поплава, земјотрес во една земја – сите расположливи сили од другите земји ќе бидат на располагање на таа држава.

Тој уште најави дека ќе се формира единствен пазар на труд ,така што граѓаните на Србија, Албанија или  Македонија можат без пречки да работат во која било од трите земји, што е од големо значење, со оглед дека сите три држави имаат проблем со работната сила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2019 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега