Заев со честитка: Северна Македонија гради едно општество, а турската заедница е значаен ден од него

 Премиерот Зоран Заев по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.

-Денес, кога Северна Македонија гради едно општество за сите свои граѓани, припадниците на турската заедница се значаен и конструктивен дел од тоа наше заедничко општество. Наши истакнати сограѓани од турската заедница го даваат личниот, значаен придонес во развојот на нашиот мултикултурен и мултиетнички мозаик, напиша премиерот Заев во честитката.

Почитта кон другиот и поддршката за секоја заедница да го негува и чува мајчиниот јазик, потенцира тој, е од огромно значење зашто ги обединува луѓето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2019 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега