МЗ: Шест нови лекови за лицата со ретки болести

Министерството за здравство изминативе две години направи значајни подобрувања за лицата со ретки болести и воведе шест нови лекови.

Како што информираат од Министерството за здравство, воведени се нови лекови, за пациентите со: спинална мускулна атрофија, фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше и лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза.

Минатата година, посочуваат од Министерството, првпат беше воспоставен и електронски регистар за оваа група на пациенти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2019 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа