Жена ќе ја раководи Шведската црква

За прв пат во историјата се избра жена да ја раководи  шведската лутеранска црква.

58- годишната Јакелен е свештеник од 1980 година, а епископ од 2007 година. Таа е омажена за свештеник и има две деца.

Првите зборови на Јакелен по изборот беа дека е „возбудена, среќна и благодарна“.

Во Шведска црквата е одвоена од државата од 2000 година. Во неа има жени-свештеници од 1960 година. Околу две третини од Швеѓаните се нејзини верници.

 

16.10.2013 - 10:04

најчитано сега