Тајфунот Випха однесе четири животи

Тајфунот Випха во Јапонија усмрти четири лица.

 Затворени се училиштата, стотици летови се одложени, а илјадници лица се посоветувани да се евакуираат.

Престолнината Токио помина без поголеми штети.

Три лица беа пронајдени мртви на островот Изу Ошима, јужно од Токио, по надоаѓањето на реките, кои разурнаа неколку куќи.

Четвртата жртва е жена, која била однесена од надојдена река во западниот дел на Токио.

Випха е 26-от тајфун за оваа сезона во Азија.  Тајфунот е придружен со ветрови со брзина од 180-200 километри на час

16.10.2013 - 09:32

најчитано сега