ЕК ќе го презентира Извештајот за напредокот на Македонија
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во зградата „Берлемонт” во Брисел ќе го презентира извештајот за напредокот на Македонија, јави МИА.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Филе на прес-конференцијата закажана за 14 часот и 30 минути ќе соопшти дека неформалната Влада на Унијата по петти пат едно по друго нотира дека Република Македонија ги исполнува сите критериуми и услови да ги започне преговорите за членство. Она што е познато е дека Комисијата на двапати во извештајот за Македонија ќе ја употреби придавката „македонски“, а поставен е и нов услов, „медиумска култура“.
Комисијата се повикува на 20-годишнината од воведувањето на Копенхашките критериуми, потенцирајќи дека клучни за проширувањето се почитување на правото, демократијата и економијата, со акцент дека за Република Македонија е клучно да направи пробив во преговорите за името.Според Комисијата, пристапниот процес денес е поригорозен и посеопфатен отколку во минатото поради научените лекции од претходните проширувања. „Владеењето на правото сега е во срцето на процесот за проширување, а новиот пристап одобрен од Советот во декември 2011 година значи дека земјите мора да ги допрат прашањата како реформи на правосудството и борба против организираниот криминал и корупцијата во раната фаза на пристапните преговори“, се наведува во извештајот што претходно ексклузивно го објави МИА.
- Билатералните прашања не треба да го задржуваат процесот на пристапување - порачуваат од неформалната Влада на ЕУ.
За клучните предизвици за земјите од Западен Балкан, Комисијата ги наведува: економско владеење и конкуренција, владеење на право, функционирање на институциите што гарантираат демократија, основни права и надминување на наследството од минатото. Притоа, се додава дека визната либерализација за земјите од Западен Балкан предизвикала кај сите нив да преземат реформски чекори во однос на овој процес.
- Во однос на БЈР Македонија, договорено е и взаемно прифатливо решение во рамки на преговорите олеснети од страна на Обединетите нации во рамки на проблемот поради името на земјата има потреба од решение без понатамошно одложување. Комисијата е подготвена да го олесни создавањето неопходен политички поттик во потрагата по решенија и да поддржи иницијативи поврзани со ова прашање, се наведува во извештајот каде главната порака е дека е потребно „помирување во регионот“.
Исто така, Комисијата признава дека е заглавен напредокот на Македонија во евроинтеграциите поради недавањето дозвола на Советот за почеток на преговорите за членство. - Во недостаток на процес на преговори, главен форум за дискусија и мониторинг на реформите се телата формирани во рамки на Договорот за стабилизација и асоцијација, како и со Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), кој е воспоставен во 2012 година. ХЛАД-от придонесе за прогрес во повеќето приоритетни области. Остварениот прогрес во рамки на ХЛАД ќе ја постави земјата во добра положба кога ќе започнат преговорите. Како и да е, овој Пристапен дијалог не е и не може да биде замена за премин во отворање на пристапните преговори, се наведува во извештајот.
Во однос на слободата на изразување, се потенцира дека “напредокот во дијалогот со медиумите е во застој по протерувањето на новинарите од парламентот, а и покрај развојот на законодавната рамка, репутацијата на земјата за слобода на медиумите се влошува”. Притоа, исто така е наведено и дека “затворањето на голем број медиумски места во последниве години, исто така ја намали разновидноста на различни ставови достапни до граѓаните”.
- Земјата веќе достигна високо ниво на усогласеност во однос на тоа каде се наоѓа во процесот на спроведување на постојната легална и политичка рамка, слична до земјите кои веќе се поврзани во процесот на преговори. Во областа на владеењето на правото, независноста и компетентноста на судовите мора да бидат понатаму подобрена и поголем фокус да се стави на квалитетот на правдата до граѓаните - порачуваат од неформалната Влада на ЕУ.
Во однос на корупцијата, за Македонија се влеи дека таа останува распространета во многу области и дека “продолжува да биде сериозен проблем”. Па, затоа, Комисијата порачува дека земјата треба да демонстрира материјално влијание од постоечките анти-корупциски мерки и да имплементира ефективни мерки во борбата со организираниот криминал.
Што се однесува до економските критериуми, во извештајот се вели дека Македонија добро напредува во некои области, дека е направен понатамошен прогрес кон функционирачка пазарна економија и дека државата треба да биде во состојба да се соочи со притисокот на конкуренцијата и пазарните сили внатре во Унијата на среден рок, доколку таа силно ја имплементира програмата за реформи за да се намали значајните структурни недостатоци.
- Економските активности стагнираа во 2012 година, а економскиот раст се обнови во првата половина на 2013 година. Но, имајќи ги предвид предизвиците од надворешното опкружување, макроекономската стабилност е зачувана. Невработеноста останува многу висока, посебно кај младите лица, а растот на дефицитот и јавниот долг ја зголемија ранливоста на државата, порачува Европската унија.
Притоа, се истакнува дека Македонија направила голем натамошен прогрес во подобрување на способностите за преземање одговорност за членство, дека државата продолжува да ги исполнува обврските преземени во рамки на Договорот за стабилизација и асоцијација во очи на десетгодишнината од стапување на сила на овој договор, а дека на подрачјето на внатрешен пазар имаме добро ниво на усогласување на легислативата е направена во областа на движење на робата, поштенски услуги и трговско право.
- Во областа на правосудство и внатрешните работи, државата добро напредувала во подготовката за визната политика, надворешните граници и шенген, како и полициска соработка. Реформата на јавната администрација мора да продолжи со имплементација на принципите на транспарентност, заслуги и рамноправен ангажман. Натамошни чекори се потребни посебно во подрачјето на регионална политика, заштита на околината и климатските промени, каде мора да се подобри имплементацијата на проектите финансирани од страна на ЕУ, како и квалитетот на водата, индустриското загадување и контрола на риск менагемент, порачуваат од Унијата.
Што се однесува до социјалната политика на вработување, во комисискиот извештај се наведува дека се потребни мерки за да се постигне инклузивен и ефикасен пазар, како и дека мора да се засилат внатрешните финансиски контроли во јавната администрација.
- Се на се, државата постигна ниво на усогласеност со европското законодавство на доволно ниво за да може да оди во следната фаза од пристапниот процес, се наведува на крајот од извештајот што означува нова, петта по ред, препорака на Комсијата Македонија да ги почне пристапните преговори.