ВМРО-ДПМНЕ: Земјата не е на прав, туку на крив пат

„Не е прав, туку крив пат кога судии го амнестираат Зоран Заев за поткупот кој на снимка целата јавност го виде.

Секој човек или службеник во независно судство би одговарал за ваков криминал, само Зоран Заев не одговара, па згора на се и се мајтапи со правосудството.“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски од СДСМ.

„Не е прав, туку крив пат кога правосудниот систем не смее да ја прошири истрагата за Рекет 1 и 2 и ја влече со месеци, иако целата јавност бруи дека врвот на власта е замешан во милионските рекети, но од ЈО никаква реакција.

Не е прав пат, туку крив пат кога за Драги Рашковски, Венко Филипче, Ден Дончев и другите функционери од власта не смее да се отвори истрага затоа што се блиски до Зоран Заев.

Не е прав пат, туку крив пат кога се плаќаат илјадници евра за партиски реклами, а се ветуваше дека рекламирањето ќе се сведе на нула. Тоа е лицемерие и безобразие.

СДСМ треба да сфати дека три години беше власт и имаше можност да го реализира она кое што го ветуваше. Времето помина, а тие ништо не реализираа.

Сега е време да си заминат затоа што не знаат како да работат.

Следува обнова на Македонија и одговорност за сите кои ги злоупотребија институциите.“, се наведува во реакцијата на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега