Илиоски: СДСМ за 3 години ја задолжи државата за една милијарда евра

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски упати жестоки критики на адреса на Владата на Зоран Заев и СДСМ од собраниската говорница. Неговата анализа покажува дека досега државата сите Влади ја задолжиле три милијарди, а последната Влада на СДСМ за три години ја задолжи Македонија за неверојатни милијарда евра.

-Досега битолчани ќар немаат видено од пругата Битола-Грција, а зијан имаат видено од неизградбата на патот Градско-Прилеп. Сообраќајни несреќи, кршење на коли итн. Гасификацијата, парите за гасификација ги обезбеди претходната Влада заедно со проек со се, експопријацијата требаше вие да ја направите, арно барем не го прекинавте проектов. Задолжување, денес со едно притискање на копчето ја задолживте државата за нови 300 милиони евра. Од кога сте на власт милијарда евра ја имате задолжено државата, уназад сите премиери три милијарди. За две и половина години вие 1 милијарда евра и пак ќе кажам ај што ја задолживте, барем да направевте нешто. Да видевме нешто да кажеме е ова го направи Владата на СДСМ. Овој објект, замислете, еден објект да направите тоа ќе биде светско чудо, вели Илиоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега