Алијанса за Албанците: Функционерите на ДУИ ја расцветуваат корупцијата

Фактот дека државните институции, како што се министерствата и царините, се вклучени меѓу најкорумпираните во земјата, укажува дека работите во земјата не се одвиваат како што треба, велат преку соопштение од Алијанса на Албанците.

„Оваа влада не само што сведочи за нивните неуспеси, туку и сведочи за последиците што ќе ги остават по нивното заминување. Кога заменик-министерот за здравство се вклучи во корупциски скандал, не може да не се очекува Министерството за здравство да се рангира меѓу најкорумпираните во земјата. Кога оваа влада му дозволи на истиот поранешен заменик министер, Асим Муса, да помине без никаква пресуда за кривично дело како што е примање мито, истиот е вработен на Клиниката за урологија значи дека со ваквото постапување корупцијата ќе продолжи.

Нема шанси цариниците да не бидат меѓу најкорумпираните, кога неодамна беа вмешани во скандал со пратеникот Артан Груби кршејќи ги сите правила на Кодексот за однесување.

Не е можно Министерството за Внатрешни Работи да не се наведи како една од најкорумпираните кога за многу краток временски период беа поднесени повеќе од 1000 иницијативи за сомнителни корупциски афери.

Овој ланец на корупција и злоупотреба на службената должност продолжува и во Министерството за Труд и Социјална Политика и истиот не завршува тука, истражувањата покажуваат дека корупцијата цвета во многу други државни институции и не се преземаат сериозни мерки.

Алијанса за Албанците смета дека подигнувањето на човековата свест за случаите на корупција треба да се направи со подобрување на Законот за заштита на укажувачите, како и со подигање на свеста за последиците од корупцијата, така што повеќе да не се смета како награда за извршената работа, туку сериозна злоупотреба на службената позиција.

Корупцијата е многу сложена област, а не казнувањето на високи функционери не само што поттикнува корупција на пониско ниво, туку е и индикатор за недостиг на правдата во земјата.

Граѓаните заслужуваат да бидат вработени врз основа на нивните вештини и способности, а не врз парите што тие треба да ги дадат, додека пак услугите што ги добиваат од јавни и приватни институции, да ги добијат во рамките на законот, заради тоа Алијансата за Албанците бара од надлежните органи да преземат итни и конкретни мерки за нивно спречување. Инаку прикривање на случаите на корупција, нивната оправданост и несоодветно казнување ќе прави корупцијата во земјата да расте се повеќе“ стои во партиското соопштние од Алијанса на Албанците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега