Мицкоски: Kој го спречува Заев да гo прочисти правосудството кога ја има власта во раце

Кога по 3 години власт и криминализирање на целокупното оштество премиерот ќе ви рече мора да има правна држава, тогаш секој еден човек знае дека се работи за обично лицемерие. Ова денеска на прес-конференција го рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Уште поголемо лицемерие е кога тој човек ќе каже по цели 3 години власт дека мора да се испита имотот на судиите и обвинителите. Нема да помине ниту ден потоа и ќе го смени истиот тој став и ќе каже дека требало да се прочистат само неколку обвинители и судии. Има има два логични заклучоци и тоа, првиот е прашањето кој го спречува Заев тоа да го направи до сега имајќи во предвид дека апсолутната власт е токму во негови раце и вториот заклучок е зошто да има само проверка на судии и обвинители а не на изворот на корупција во оваа држава политичарите и носителите на јавни и државни функции заедно со нивните семејства, вели Мицкоски и додава дека сеопфатна проверката и испитување на потеклото на имот е негова иницијатива каде политичарите и нивните семејства нема да бидат изземени како и останатите функционери од таквата проверкa.

Вели, но целта на оваа прес конференција не ми е да го коментирам Заев, впрочем секој ден има демант на неговите ставови и политики: било да е тоа Извештајот на UNDP за нерамномерен развој или она на „Економист“ дека сме меѓу десетте земји со најголема невработеност кај младите. Денес целта ми е да обрнам внимание на дефокусирањето од страна на власта на реалните криминални афери кои го разјадуваат нашето општество и не прават земја во врвот по корупција во Европа.

- Тука сакам да споменам неколку афери и скандали за кои власта, а пред се инструираното обвинителство молчат. Сеењето на магла и фрлањето на пердуви кои треба да задоволат ниски страсти во политиката со цел да се разводени и заборави вистинската улога на главните во криминалниот октопод, и да се оправда Заев кој е дел од таа стратегија.  Впрочем тие одат по принципот сите се виновни, само Зоран Заев е чесниот, па колку и тоа да звучи парадоксално сакаат преку скапите кампањи да не убедуваат дека тоа е таа вистинска вистина. Започнувам од првата афера, а тоа е аферата Рекет 1. Никој во оваа држава не смета дека криминалот и рекет од 8 милиони евра е можен од само двајца, до тројца луѓе особено ако се знае дека цел државен врв беше во организацијата на Бојан Јовановски. Но нив ги нема на обвинителната клупа. Освен аферата Рекет 1,  тука е и аферата Рекет 2, за која сеуште нема обвинение. Да не се заборави и аферата Вирус, каде Владата исто како и обвинителството е без одговор. Бизнисмен вели дека посредник пратен од поранешниот директор на Агенцијата за лекови  барал мито за да тргува со одреден лек. Нема никаква истрага, а уште помалку обвинение за овој случај, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега