ВМРО-ДПМНЕ: Заев го загрозува здравјето на граѓаните и се грижи само за бизнис интересите

Зоран Заев го загрозува здравјето на граѓаните. Зоран Заев и овозможува на олигархијата на власта да внесува и гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики. Ова денеска преку соопштение го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Само во февруари годинава во земјава е согорен 40.000 тони кокс. Додека граѓаните се трујат некој заработил 12.000.000 евра. Зоран Заев и шефот на Царинска управа мора да одговорат кои фирми и кој им дал дозвола да го внесуваат и горат отровниот отпад од цел свет. Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Куманово и Кавадарци тонат во отровен смог, а власта вели дека воздухот е чист. Болниците се полнат. Загаденоста во урбаните средини во раните утринси часови кога нема фреквенција на возила е и до 15 пати над дозволеното, велат од партијата.

Додаваат дека отровните ПМ10 честички ги трујат граѓаните. А власта не само што не прави ништо туку и го скори најмалиот буџет за екологија до сега.

- Негрижата за здравјето на луѓето е евидентна. Власта се грижи само за бизнис интересот на олигарсите на власта, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега