Груби: Нема никаков сојуз помеѓу ДУИ и ВМРО- ДПМНЕ

Под никакви околности не постои сојуз помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, ниту за изборниот модел ниту пак за нешто друго. Нема апсолутно никакава координација за никаква цел. Дијаметрално сме спротивни, Не наговестувајте никакви сојузи, имаме спротиставени ставови со ВМРО,јазикот, Преспаснкиот договор и многу други, изјави пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

Во однос на коалицијата со СДСМ, Груби вели дека е успешна и токму поради тоа што се решиле огромни прашања кои биле присутни 3 децении, како и заедничката цел влезот во НАТО и Европската унија.

-Нашата коалиција е успешна, решивме прашања кои 3 децении ги засегаа нашите граѓани, има политичка стабилност, има меѓунареноден углед државата. Заедно работевме и ги надминавме сите предизвици и успеавме да ја донесеме Македонија тука, во НАТО и пред вратите на ЕУ. Така да коалицијата не е на стаклени нозе, имаме разлики во некои политики, но коалицијата е стабилна, вели Груби.

Во поглед на иницијативата за 1 изборна единица Груби вели дека нема конфликт помеѓу СДСМ и ДУИ, туку само различни ставови. Тој смета дека сега во овој момент, пред избори е несериозно да се менува изборниот модел како и без едукација на избирачкото тело што носи таа една изборна единица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2019 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега