Јанушев: Избори ќе има, и на тие избори единствено можно сценарио е тоа да ВМРО-ДПМНЕ победи

Во вечерашната емисија на ТВ Телма „Топ Тема“ гостуваше генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев. Тој кажа дека ВМРО ДПМНЕ активно се спрема за избори и дека не размислува за одложување на истите иако имаше во медиумите изјави од претседателот Пендаровски дека е можно нивно одложување.

Јанушев истакна дека избори ќе има и дека ВМРО ДПМНЕ убедливо ќе победи на истите.

– Видете со огледа на тоа кого имаме од другата страна Заев кој што секојдневно по неколку пати ги менува ставовите и мислењата веројатно се е очекувано меѓутоа воопшто не размислуваме на тоа дека на 12 Април нема да има избори. Јас сум убеден и повеќе од убеден дека избори ќе има и на тие избори има единствено можно сценарио а тоа е ВМРО ДПМНЕ да победи кажа Јанушев

Дополнително генералниот секретар Игор Јанушев кажа дека програмата на ВМРО ДПМНЕ се базира на три столба а тоа прво владеење на правото и нулта корупција, второ целосна дигитализација на општеството и третиот столб економијата и економски политики.

– Приоритет ни се три работи , она што веќе го кажав и што јавно го споделивме е владеењето на правото и нулта корупцијата со еден сосема поинаков пристап за кој што два конкретни предлози дадовме кој што за жал СДСМ и Заев не ги прифаќаат бидејќи не им одговараат а тоа е буквално забрана за секој кој што е амнестиран односно аболиран да се бави со политика и вториот предлог кој што беше во насока да се провери потеклото на имот буквално на сите кои што се занимаваат со политика. Вториот столб на кој што ќе се фокусираме е целосна дигитализација бидејќи сметаме дека само со таквиот пристап ќе придонесеме буквално во секоја пора од општеството почнувајќи од економијата до администрација да се почне да се воспоставува ред . Секако дека главниот фокус ќе биде на економијата и економските теми исто така посочи Јанушев.

Јанушев зборуваше за законот за јавна обвинителска служба и за законот за академија на судии и јавни обвинители. Имено тој посочи дека законот за јавно обвинителство е објаснет повеќе пати во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ не бара нешто е надвор од европската и светската рамка за овој закон.

-За законот за јавно обвинителство не може превземањето на вработените од СЈО да биде на начин на којшто СДСМ сака да го направи. Не може некој кој сега е во специјалното јавно обинителство да бил на работно место соработник дирекно да биде унапреден за 2- 3 скалила. Предлогот е опозицијата да го предлага обвинителот за организиран криминал. Не знам од што се плаши СДСМ во врска со ова. За неколку месеци ќе биде опозиција еве ние им предложивме да биде тоа со одложно дејство, истакна Јанушев

Тој во своето гостување запраша до каде се истрагите за Рекет 1, Рекет 2, Вирус, Кеш и зошто обвинителството до сега не успеа да увиди колкав износ се исплаќало на вработените во СЈО, на роднините на Катица Јанева, на другарите на синот на Јанева и слично.

-Зошто не се отвори постапка за М-НАВ, за хеликоптерите, зошто не отворија постапки и не истражуваа за прислушувањето во судовите и во самото обвинителство. Многу работи се најавени а никој не излезе да покрене истрага и сега треба тие кои не си ја работат работата, за што зимаат плата ние тоа треба да го поддржиме, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2019 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега