Кацарска до Талевски: Не сме тука да слушаме за награди

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Tалевски, кој е еден од осомничените во случајот „Транспортер“, при денешниот распит во судот говореше за неговите успес кои ги постигнал како градоначалник, а судијката Кацарска веднаш му возврати.

-Не е предмет на обвинение дали општината била наградувана. Судот има трпение, но држете се до она за кое сме овде, рече Кацарска, пренесе Фокус.

Поранешниот битолски градоначалник е првообвинет во случајот „Транспортер“. Тој заедно со уште 22 лица се обвинети за злоупотреби со превозот на ученици во Битола. Штетата од делото кое го сториле се проценува на околу 360.000 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега