Неловски: Сето она што ќе биде ветено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе биде реализирано

Денеска караванот за Обнова на Македонија продолжува, тука сме во Росоман, заедно со членот на Извршниот комитет Цветан Трипуновски, потсекретарот за овој општински комитет Слободан Ивановски и дополнително сите членови на општинскиот комитет од Росоман, но и жителите на Росоман. Тука сме да си слушнеме проблемите на сите граѓани, но и да видиме одредени решенија за нивните проблеми, она што ги тишти најмногу граѓаните  од овој регион се разбира дека е земјоделието, но и сите останати проблеми коишто инаку можеби во 2016 година им биле ветени на граѓаните сега се уште се неисполнети. Дојдовме да ги увериме дека сето она што ќе биде ветено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе биде реализирано, нема да биде само зборови на хартија туку се што ќе се обврземе како ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе ја направиме владата тоа ќе биде и реализирано, ова денеска од Росоман преку изјава за медиумите го истакна Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што морам да го истакнам  е дека овие денови секој граѓанин тука во Росоман, но и во цела Македонија е дополнително задолжен за 150 евра бидејќи владата на Зоран Заев иако има реализација на капиталните инвестиции само 40 проценти, има ново задолжување од 300 милиони евра. Слабата реализација на капиталните инвестиции значи дека тие пари ќе се искористат непродуктивно, односно наместо да се изградат патишта, булевари, канализација за граѓаните, ќе бидат употребени најверојатно да се збогати свитата околу Зоран Заев, рече Нелоски.

Тој додава дека како ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжиме меѓу граѓаните да ги слушнеме нивните потреби, но се разбира и да бидеме во дослух со нив бидејќи само така ќе можеме после 12-ти април да го направиме животот за сите граѓани на Македонија подобар и да го вратиме достоинството не само на земјоделците, туку и на пензионерите, и на младите луѓе да се врати желбата за живеење тука во Македонија и да има се помалку разговори за да се напушти државата, туку да се остане тука да се формира семејство. Ќе продолжиме и понатаму да бидеме помеѓу граѓаните и токму и затоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ продолжува да расте во однос на СДСМ и ќе продолжи да расте до 12-ти април каде што ќе имаме една огромна победа и конечно ќе се стави крај на заевизмот во Република Македонија и на транзициските политичари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега