Куновска: Не верувам дека се нарушени односите помеѓу СДСМ и ДУИ

Политичките штабови работат на предизборните агенди. Сериозно е тоа дека овој случај со Законот за јазици се растега во 2 краја, но ниту еден не е пријатен за нас како граѓани. Очекувајќи го ваквиот исход од Комсијата, во Владата не посоти свест да се седне на маса и во ваков момент кога Македонија се наоѓа во предворието на НАТО и комплицирана ситуација со ЕУ, да одбере еден одговорен пристап кој подразбира длабока координација помеѓу коалицијата која ќе ги смири граѓаните и ќе покаже дека земјата пораснала за прием во НАТО. Наместо тоа одбира да излезе со заканувачки изјави од страна на Груби и паушални изјави на премиерот, вели поранешната пратеничка Софија Куновска.

-Теренот го оставаат празен, не знаеме што мислат СДСМ, а наспроти нив ги имаме запенавени Артан Груби и Бујар Османи. Сепак не верувам дека до толку им се нарушени односите. Трајно нарушени односи во политиката кај нас не постојат, има само моментални интереси. Двете раководства влегуваат во кампања која треба да им донесе повеќе гласови и не водат сметка кој каква порака испраќа кон граѓаните, туку работат само на своето гласачко тело, вели Куновска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега