Грчева: Никоја од партиите не сака една изборна единица, се манипулира во јавноста дека ДИК нема време да го спроведе тоа

„Никоја од големите партии не посакува една изборна единица, поготово не отворени листи“, изјави Солза Грчева во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Си ги знаат своите сопствени рејтинзи и затоа бегаат од отворени листи, посочува таа.

„Се манипулира во јавноста дека ДИК нема време тоа да го спроведе, што не е точно“, изјави Грчева.

Според неа, она што е клучно околу едната изборна единица е да можат да влезат не помалите партии, туку оние средните, бидејќи „така е праведно и правилно“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега