Пратеникот Ѓорчев се обрати на Есенското заседание на ПС на ОБСЕ
Македонска собраниска делегација присуствуваше на Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Будва.
Делегацијата предводена од пратеничката Ана Павловска Данева во чиј состав се и пратениците Беким Фазлиу и Владимир Ѓорчев се обратија на третата сесија на парламетарната конференција, посветена на интеграцијата на општествата со различности.
Пратеникот Ѓорчев нагласи дека во 21. век сите општества се општества на различности, додавајќи дека Република Македонија е земја во која во целост се почитуваат правата базирани на темелните документи на ОН, ОБСЕ, Советот на Европа и другите меѓународни институции. Воедно, додаде, дека во поголем број на земји не се почитуваат таквите права, вклучувајќи ги и правата на македонското малцинство во повеќе држави.
Парламентарното Собрание на ОБСе во Будва започна на пред два дена, а трае до денеска.