Сопругата на Луковски ја откри причината за неговата смрт

Смртта на Жарко Луковски, бизнисмен и поранешен главен извршен директор на Т-Мобиле, кој почина на 28-ми ноември, на 57-годишна возраст, како бомба одекна во јавноста и предизвика многу шпекулации.

Неговата сопруга Ивана Луковска, за Фокус ја откри причината за неговата смрт.

- Прочитав дел од шпекулациите за смртта на мојот сопруг и таткото на моите деца. Со цел да се стави крај на сите невистини и претпоставки решив да прозборам јавно. Дијагнозата е Интерцеребрална хеморагија, односно мозочен удар. Се друго е неточно. Жарко боледуваше пред неколку години, но со соодветна терапија ја победи болеста. Ова што се случи е комплетно неочекувано и секако огромен шок, вели сопругата.

Исто така, додава дека не е точно дека починал во Србија, туку дека Жарко починал во Скопје.

Ивана и Жарко беа во врска четири години пред да направат голема свадбена свеченост, во јуни 2014 година. Пред да стапат во брак веќе имаа две деца, Ена и Лука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега