ВИДЕО: Првото видео на Сноуден откако доби азил во Русија

Викиликс ги објави првите снимки на Едвард Сноуден откако тој доби азил во Русија. На видеото се гледа дека тој е во добро расположение и зборува за тоа кои се опасностите кои се закануваат на демократијата.

„Ако не можеме да ги разбереме политиките и програмите на нашите влади, тоа значи дека не можеме да го одобриме”, вели Сноуден 

 Сноуден вечера со четворица американски поранешни агенти на место кое не е објавено.

„Луѓето насекаде во светот сфаќаат дека овие програми на шпионажа не донесуваат повеќе безбедност, дека тие ги ослабнуваат економијата, државите, ја ограничуваат нашата слобода на изразување, мислење, живеење и слободата на бидеме креативни, да имаме слобода на се здружуваме слободно”, им рекол тој на луѓето околу масата. 

Четворицата поранешни американски агенти му предале награда за „интегритет во работата на разузнавањето”

15.10.2013 - 13:07

најчитано сега