Заев на средба со новата хрватска амбасадорка Н.Е. Тигањ: Северна Македонија направи одлични реформски резултати

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска,  ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ, која од неодамна стапи на должноста во нашата земја.

Притоа, амбасадорката Тигањ истакна дека е позната поддршката која Хрватска ја дава на Македонија за остварување на двете стратешки определби, интеграцијата во НАТО и Европската Унија, посочувајќи дека нашата земја направи огромен исчекор во остварувањето на реформските процеси и покажувањето спремност за зачувување на стабилноста во земјата и регионот.

На средбата беше констатирано дека претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со Европската Унија, е одличен момент за заокружување на поддршката и донесувањето позитивна одлука ќе биде дополнителна мотивација за продолжување на реформите, како важен сегмент за одржувањето на порастот на економијата, капиталните инвестиции и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Во разговорот, соговорниците изразија задоволство од досегашните одлични билатерални односи меѓу двете земји, кои се одвиваат без отворени прашања, карактеризирајќи ги како одлична основа за унапредување на трговската размена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега