Пренџов: Владата на СДСМ се покажа како најнеуспешна влада во Македонија

Факт е дека Владата на СДСМ во овие скоро три години е неуспешна влада и тоа по сите параметри е една од најнеуспешните влади во Република Македонија, истакна потпретседателот на ГРОМ Љупчо Пренџов во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Според него одговорност за предлогот за автентично толкување за членот 11 кој што не постои треба да сноси министерката за правда Рената Десковска, пратениците, но како што рече тој одговорност најмногу уставните судии кои што овие работи требало да ги знаат бидејќи нивната работа е да водат грижа за Уставот и законите. Министерката за правда имаше неколку прес конференции и зборуваше за член кој што не постои, за мене тоа е директна одговорност.

Никој од пратениците не се побуни дека ќе толкуваат за член кој што не постои и тоа е директна одговорност. Но, најголемата одговорност е во уставните судии бидејќи тие луѓе се платени и тоа со високи плати и треба да водат грижа за Уставот и законите и да ги знаат, а не да го прават ова, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега