Коцо: Преку 860 предмети се рачно распределени на судиите, наместо преку АКМИС системот

Поранешната судијка во Врховниот суд, Вера Коцо, во денешната дебата на Телма изјави дека експретседателот Иванов помилувањето го засновал на непостоечка одредба, но според неа уште по скандалозно е тоа што повторно обидот за амнестија на поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ се става во правен случај.

-Иванов не можеше своето помилиување да го заснова на непосточека одредба, но тоа се случи помилувањето беше дадено. Во 2016 мораше да се донесе нов закон поништување на даденото помилување. Тоа беше начин како претседателот да го поништи тоа свое помилување. Но сега повторно излегува на виделина, нешто што не е потребно. Како може доколку таа одреба е избришана да влезе во правен случај. Ако не постои не знам ни толкувањето на што ќе се врши, вели Коцо.

Поранешната врховна судијка вели дека има информации дека во изминатиот период 860 предмети биле рачно распрелени, наместо преку АКМИС системот.

-Тефтерчињата не за џабе се спомнуваа. Но што се случи, тие од тефтерчињата се уште се на работните места и се уште се судии. И сега сакаме ветинг, јас се согласувам со тоа но треба да биде добро осмислен, треба да се знае што се бара од тие луѓе. Антикорупциска сама кажа дека нема доволно кадар и капацитет да го спроведе тоа. Многу е тешко да се утврди материјалната состојба. Повеќе би се осврнала на интегритетот, на начинот на работата, вели Коцо.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа