ВМРО-ДПМНЕ: Ако за Русковска не е важно каде е торбата за граѓаните е многу важно

Ако за Русковска не е важно каде завршила торбата Луј Витон, за граѓаните на Македонија е многу важно. Ова денеска преку соопштение до јавноста го велат ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако за Русковска не е важно кој е на снимката што ја презема торбата Луј Витон од домот на Боки 13, за сите обични луѓе кои ја плаќаат цената на корумпираната и криминална власт е исклучително важно Срамно и крајно несериозно е Русковска да покренува обвинение без да ги заврши сите вештачења и истражни дејствија. Тоа покажува дека главна цел на обвинителството во целиот случај е да се прикријат трагите кои водат кон главата на октоподот Зоран Заев Затоа И целиот случај се развлекува. Затоа шест месеци откако е пријавен случајот главен фокус на истрагата се Зоки Кичеец, Боки 13 И Катица Јанева, а нарачателите и луѓето кај кои завршиле парите остануваат далеку  од рацете на правдата, велат тие.

Според нив граѓаните мора да дознаат кои политичари ја злоупотребиле својата функција за рекетирање на фирми и бизнисмени.

-Додека граѓаните ги плаќаат политичарите да работат за државата, тие рекетирале милиони од бизнисмени и фирми. Доколку Русковска сепак ја развлекува постапката и не ги изнесе деталите пред јавноста, таа како и сите инволвирани во милионскиот рекет ќе се соочат со лицето на правдата по враќањето на правната држава во Македонија по 12 април, додава опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега