Васев: Мицкоски, лаже за своето образование, се срами или го потценува нашиот Универзитет

Татиниот асистент, Христијан Мицкоски, под притисок на јавноста се обиде да се оправда за своите лаги дека магистрира и докторирал во Италија и Германија, но дополнително се заплетка, кажа Стефан Васев од СДСМ.

„На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски рече дека бил стипендист на италијанската влада, дека таму поминал магистратура а докторат во Германија.

Вчера, од белиот дворец Мицкоски рече дека не е така.

За Мицкоски е нормално да лаже за сопственото образование.

Може само да замислиме колку лаже за политика.

Мицкоски го потценува Универзитетот Кирил и Методиј.

Или се срами што станал асистент кај својот татко на Машинскиот факултет?

Ваквото лажно однесување на Мицкоски е многу лош пример.

Каква порака им праќа Мицкоски на младите?

Човек кој станал асистент кај сопствениот татко, кој научните трудови ги пишувал заедно со татко му ги лаже граѓаните за своето образование, го омаловажува Универзитетот Кирил и Методиј.

Затоа младите не му веруваат на Мицкоски и затоа младите на 12 април ќе бидат предводници во победата над погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски“, кажа Васев на денешната прес-конференција. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега