Мицкоски: Заев сака да си го задржи пратеничкиот имунитет поради поразот кој го чека

Од власта молк, а Зоран Заев сѐ уште без одговор за предлозите. Ова го напиша Христијан Мицкоски на Фејсбук.

1. Да не се занимаваат со политика лица кои биле амнестирани;

2. Да нема амнестија за лица кои се занимавале со политика;

3. Да се донесе закон за испитување на потекло на имот на политичари и носители на јавни функции;

4. Да се воведе принцип на кандидат за мандатар на новата влада, и тој што ќе загуби на избори да си замине од политика;

- Или пак можеби Заев е поборник на принципот за амнестија, не сака испитување на потекло на имот за политичарите, и сака покрај поразот од народот да си го задржи својот пратенички имунитет. Се надевам дека таквата тишина од Владата не е резултат на хибриден напад, или можеби напад на паника поради тоа што одговорноста ќе дојде, но јавноста ја интересираат одговорите, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега