„Енергијата е убава и еколошка“ - oтворен 39. Меѓународен саем „ТЕХНОМА 2013“
На Скопскиот саем денеска е отворен 39. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита „ТЕХНОМА 2013“.
Под мотото „Енергијата е убава и еколошка“ од денеска па се до 19 октомври ќе се претстават 200 домашни и странски компании од Италија, Грција, Бугарија, Словенија и Хрватска.
Манифестацијата ја отвори извршниот директор на Скопски саем Гвидо Омладич: - ТЕХНОМА е една од најстарите, а секогаш нова бизнис ориентирана саемска манифестација која останува иновативна платформа за одржување, развивање и иницирање на бизниси од металургијата, електрониката, енергетиката, неметалите, градежништвото и обезбедувањето и заштитата, рече Омладич.
На Скопксиот саем се одржува и 14. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство, 33. Меѓународна изложба на иновации - МАКИНОВА, како и Изложбата на агромеханизација како сегмент на 63. Меѓународен саем за широка потрошувачка АГРОФУД.