Скептикот кој стана сведок

 

Немоќна светлина трепереше на камениот ѕид во одајата. Онаму каде што седев стуткан и задлабочен, талкајќи во лавиринтите на разумот. Шумови кои доаѓаа однадвор, срамежливи, притаени, небаре се пази да не се наруши некаква света тишина. Сѐ беше поинакво во градот, ми се чинеше дури и воздухот што го вдишував беше поинаков, како светлината од сонцето да беше нова. Сѐ беше тивок одек на гласините за чудото. Тие дојдоа деновиве и ми соопштија. Немав сон, а упорно барав еден одговор.
Сакав да одгатнам сосема сам, а неможно беше. Станав и тргнав кон вратата, но ме подзапре една мисла. Станував, седнував и сѐ така целиот ден. Таков е и самиот живот… Но ова станување сега беше пресудно. Сега ќе се види кој сум јас, кој сум бил, и што ќе бидам понатаму.

Целиот пост на Кристалензамок прочитајте го тука

најчитано сега